Промоции 427447_363390430399622_1867650507_n

1 декември, 2012

Вечерва Виктор го промовира новиот спот на YouTube

Виктор Апостоловски Ве кани на промоција! Денеска со почеток од 21 часот во живо на официјалниот канал на ЈуТјуб на Виктор, премиерно ќе биде прикажан видео записот за неодамна промовираната песна „Не се предавам“, која е целосно авторско дело на Апостоловски. Сите оние кои имаат и профил на Google+ можат да учествуваат во промоцијата, да поставуваат прашања и да дадат коментари.

Промоцијата ќе биде снимена и ќе остане на неговиот ЈуТјуб канал,  за оние кои ќе ја пропуштат или ќе сакаат повторно да ја гледаат. Официјалниот канал на Виктор можете да го најдете на следниот линк а до профилот на Google+ ќе ве однесе кликнувањето овде. 

По промоцијата, Виктор ќе има настап во родниот град Битола, во ноќниот клуб „Расчекор“, па битолчани и сите кои сте во градот на конзулите овој викенд, вечерва имате можност да се дружите со Вашиот сограѓанин.



Врати се горе ↑