Концерт TaksiratPoster

8 декември, 2012

Вечерва Таксират ќе го преврти Скопје наопаку!

Вечерва ќе се одржи главната вечер на фестивалот „Таксират“. Честа да ја отвори оваа вечер ја доби  популарната реге-музичарка Тања Стивенс, која ќе го започне нејзиниот настап вечерва во 19 часот во „Метрополис арената“. Публиката ќе може да слушне седум изведувачи на манифестацијата чие мото е „Преврти го Скопје наопаку!“. По настапот на Стивенс која е позната по планетарниот хит „It’s a pity“, на сцена ќе се качи велшкиот реге-метал бенд Скиндред. Групата лани го издаде третиот студиски албум „Union black“, а во понеделник тргнува на турнеја низ Велика Британија која е речиси целосно распродадена.

Следна на фестивалскиот распоред е македонската рап-унија Чиста околина. Групата своето последно концертно појавување го имаше на „Таксират“ во 2001 година и сега се враќаат по 11 години пауза. Албумот „Новиот аспект на старата школа“ на Чиста околина се смета за рап ремек-дело во македонската музика. Скопје потоа ќе ги слушне ворлдјузик-панк бунтовниците Че судака. Тие доаѓаат во Македонија во рамките на нивната светска турнеја „10“. Рок-составот од Србија Ван Гог е следен на сцената. Доказ за популарноста на групата на просторот на поранешна Југославија е тоа што нивниот последен албум „Лавиринт“ бил распродаден во 100.000 примероци. Потоа сцената ќе ја преземе таканаречениот крал на електросвингот Паров Стелар и неговиот бенд на музички магионичари. Главната вечер на „Таксират“ ќе ја затвори Kирил Џајковски. Покрај со неговиот стандарден состав, тој ќе настапи и со ТK Вондер и МЦ Васп.

Организатор на манифестацијата е Пасворд Продукција.



Врати се горе ↑