Македонија

25 јануари, 2017

Вечерва суперфинале на „Кастинг талент шоу“

Денеска, 25 јануари – ден роденден на музичката легенда Тоше Проески и ден за суперфинале на музичкото шоу „Кастинг талент шоу – Тајно моја“. Во Македонскиот народен театар вечерва со почеток од 20 часот започнува суперфиналето на шоуто кое треба да ги одбере главната машка и главната женска улога за мјузиклот на МОБ посветен на Тоше Проески.

Во рамките на вчерашната женска финална вечер беа избрани и трите девојки кои ќе им се придружат на Денис, Огнен и Симеон, а тоа се Антонија Гиговска, Сара Гигова и Љупка Арсовска. Шесте суперфиналисти ќе се борат за влез во мјузиклот и добивање работа во МОБ. Се најавуваат пет различни сцнеографии и многу музика за вечерашното финале, а какви песни ќе се пеат останува да видиме.

Премиерата на мјузиклот е закажана за 10 март.

16114738_238300556614620_527312238479571340_n



Врати се горе ↑