Македонија skopski festival

12 ноември, 2015

Вечерва „Скопски фестивал 2015“!

Вечерва со почеток од 20 часот и 15 минути на првата програма на Македонската Радио Телевизија ќе можете да го проследите директниот пренос од годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“. 18 изведувачи ќе се натпреваруваат за вредни награди во износ од 600.000 денари за прво место, 450.000 за второ и 300.000 денари за 3. место.

Водител на манифестацијата по трет пат ќе биде познатиот актер Васил Зафирчев, а во ревијалниот дел за време на гласањето публиката ќе се забавува со специјалните гостинки Тамара Тодевска и Елена Ристеска. Наградата за животно дело годинава ќе му биде врачена на еден од доајените на македонската забавна музика – Славе Димитров.

Гласањето повторно ќе биде по евровизискиот модел, односно 50% ќе бидат од телефонското гласање на публиката, а останатите 50 од стручното жири, кое се држи во тајност сè до самиот фестивал.

Доколку сè уште има влезници, истите по цена од 200 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, а оние коишто нема да успеат да си набават влезница, ќе можат да го проследат преносот во живо на првата програма на МРТ. Редоследот на настапи Ве очекува во продолжение.

1. Прости ми – Виктор Апостоловски

2. Љубов – В. Илиевски/Ј. Димчевскa

3. Премин – Мартин Мила

4. Празен ден – Маја Вукичевиќ

5. Градина од цреши – Сара Мејс

6. Убава – Ај кју

7. Музика од љубов – Иван Раденов

8. Бегај, бегај – Даниел Дан

9. Сеедно е – Симона Попоска

10. Јас и ти – Јана Бурческа

11. Илјада светови – Мики Секуловски

12. Без тебе – Ања Ветерова

13. Знам ти ме оставаш – Александар Белов

14. Орхидеја – Џина Папас Џокси

15. Пеј брате мој – Александар Тарабунов

16. Од град до град – Ристо Самарџиев

17. Љубовта е – Елена Петреска

18. Нема да можам – Горан Наумовски



Врати се горе ↑