Настани mtv-ema-actuaciones-heidi

11 ноември, 2012

Вечерва се одржува MTV EMA 2012

Манекенката Хајди Клум ќе биде домаќин на доделувањето на MTV Европските Музичките Награди, што ќе се одржи вечерва, 11-ти ноември во Франкфурт.Како и секоја година, по “МТВ ВМА“ наградите, следи и доделување на признанија за европскиот пазар.

Ми претставува голема чест што ќе го водам доделувањето на наградите во родната земја. Драго ми е што ќе имам важна улога во еден од најважните музички настани во светот. Одлично ќе се забавуваме“ – изјавила Хајди Клум во официјалното соопштение.

Најмногу номинацииоваа година има Ријана, дури шест, додека Тејлор Свифт има една помалку. Џастин Бибер и Кејти Пери имаат по четири номинации, а меѓу потенцијалните добитници се и Ники Минаж и Лејди Гага.

Годинава со наградата за извонредно музичко влијание во светот „Глобална Икона“, постхумно ќе биде одликувана трагично починатата поп дива Витни Хјустон. Иако повеќе не е меѓу нас, легендата за неа ќе остане вечна, а во текот на вечерашната манифестација ќе и се оддаде почит за нејзниот придонес на светската музика.



Врати се горе ↑