Македонија mars-117m

22 ноември, 2012

Вечерва се избира радиски хит на годината

Петнаесет македонски изведувачи вечерва во Универзална сала ќе се борат на избор за радиски хит на годината на петото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2012. Од околу 600 селектирани песни испеани од стотина домашни изведувачи, по пат на пристигнатата радио-селекција, 15-те најзастапени хита во македонскиот радио-етер ќе се најдат во вечерашното финале на МАРС 2012.

За радиски хит на годината ќе се борат Тамара Тодевска со „Можеш ли“, Мартин Мила „Вива ла Македонија“, Кристина Арнаудова „Само еднаш“, групата Ај кју со „Иста патека“, момците од Нокаут со „Знаеш каде да ме најдеш“, Влатко Лозановски „Нема ден нема ноќ“, Александар Белов со „Како ден јасно е“.

Во изборот ќе учествуваат и групата Пеперминт со темата „Ако“, Димитар Андоновски со „Добро ме познаваш“, Тара „Овие денови“, дуото Некст тајм со „Лице од рај“, Биба Додева со „Прашај ме“ и Влатко Илиевски со „Мојата самовила“.

Во ревијалниот дел на МАРС 2012 ќе се појават фронтменот на Парни ваљак, Аки Рахимовски и популарното дуо од Србија, Фламингоси.

На изведувачот чија песна ќе биде прогласена за радиски хит на 2012 година ќе му биде доделена парична награда од 60.000 денари и бесплатно да ја користи Универзална сала за свој солистички концерт до крајот на 2013 година. Домаќини МАРС 2012 ќе бидат водителите Дијана Гогова и Марко Марк, а почетокот на изборот е во 21 часот.



Врати се горе ↑