Свет 10417745_1494358640836924_8606236539894357991_n

11 декември, 2014

Вечерва се доделуваат првите музички награди на Би-би-си

Како што Ви пренесовме во јуни годинава, Британската Радиодуфузна Корпорација (British Broadcasting Corporation) – Би-би-си ќе започне со доделување на свои музички награди, а во рамките на вечерашната манифестација ќе настапат и дел од најпознатите музички имиња во Велика Британија придружувани од Оркестарот на Би-би-си. Како водители ќе се појават Крис Еванс и Ферн Котон, а наградите ќе бидат доделувани во категории слични на веќе постоечките БРИТ награди, па така победниците ќе си одат дома со уште еден вид награда за „Британски уметник/уметница на годината“, „Интернационален уметник/уметница на годината“, „Песна на годината“ и така натаму.

Одбор од презентери и продуценти од Би-би-си ги одреди најдобрите британски и интернационални уметници, а гледачите и слушателите ќе го одберат победникот во тие категории. Веќе имавте можност да ги видите номинираните уметници за кои Би-би-си смета дека ќе постигнат значаен успех во следната 2015 година, за „Најдобар британски уметник“ номинирани се Дејвид Боуви, Ед Ширан, „Елбоу“, „Џангл“, „Ројал блад“ и Сем Смит, а во трката за „Интернационален уметник“ учествуваат Доли Партон, Грегори Портер, Лорд, Фарел Вилијамс, Принс и Тејлор Свифт.

Во категоријата „Песна на годината“ се натпреваруваат хитовите „Rather Be“ на „Клин бандит“ и Џес Глин, „A Sky Full Of Stars“ од „Колдплеј“, „Sing“ од Ед Ширан, „Ghost“ на Ела Хендерсон, „Budapest“ на Џорџ Езра, „Hideaway“ на Кајза, „Royals“ на Лорд, „Am I Wrong“ на Нико и Винз, „Happy“ од Фарел и „Money On My Mind“ на Сем Смит.

Изведувачите кои ќе настапат на првото доделување на музичките награди на Би-би-си се Келвин Харис, „Кетфиш енд д ботлмен“, „Клин бандит“, „Колдплеј“, Ед Ширан, Ели Гоулдинг, Џорџ Езра, Грегори Портер, Џон Њумен, Лабиринт и Ела Хендерсон, „Уан дајрекшн“, Палома Фејт, „Тејк дет“, Том Џонс и Вил Ај Ем, а манифестацијата со почеток од 20, односно 21 часот по македонско време, ќе можете да ја следите на www.filmon.com/tv/bbc-one.

И.Ј.



Врати се горе ↑