Настани

28 август, 2016

Вечерва се доделуваат наградите за најдобри видео записи на Ем-ти-ви

Популарниот музички канал Ем-ти-ви вечерва ќе ги додели музичките награди за најдобри видео записи, а манифестацијата што ќе се одржи во култниот „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, ќе се емитува во живо и на регионалниот канал (Адрија). Случувањата на црвениот килим ќе можете да ги проследите со почеток од 2 часот после полноќ, а главниот настан ќе започне во 3 часот.

Една од најзначајните награди, статуетката „Мајкл Џексон видео вангард“ годинава ќе оди во рацете на Ријана, која исто така ќе настапи и на самата манифестација, а според бројот на номинации предводат Бијонсе (11) и Адел (8).

Покрај Ријана, на сцената во „Медисон сквер гарден“ ќе настапат и Бритни Спирс, Ник Џонас и Тај Дола Сајн, Аријана Гранде и Ники Минаж, „Чејнсмоукерс“ и други, а меѓу познатите личности што ќе ги доделуваат статуетките се Паф Деди, Алиша Киз, Биби Рекса, Ким Кардашијан Вест, Рија Ора и многу други.

 

 

 

Со оглед на тоа што директниот пренос ќе се емитува доцна во ноќта, на регионалниот канал на Ем-ти-ви во текот на наредната недела ќе има и бројни репризи, а термините се следните:

Вторник (30.08) – 21.00 ч.

Среда – 08.00 ч.
Среда – 15.10 ч.
Четврток – 22.40 ч.
Петок – 07.10 и 18.00 ч.
Сабота – 12.40 и 19.50 ч.
Недела – 13.20 ч.
Понеделник (05.09) – 22.40 ч.

 



Врати се горе ↑