Македонија esma-lozano-evrosong

15 март, 2013

Вечерва премиера на евровизиската песна во шоуто „Танц со ѕвездите“

Откако „Империја“ неславно замина во историјата, за нашите евровизиски претставници Есма Реџепова – Теодосиевска и Влатко Лозаноски – Лозано беше направена нова песна насловена „Пред да се раздени“, чии стихови ги потпишува Магдалена Цветкоска Ена, а музката е на нејзиниот брат Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, додека делот на Есма кој ќе го отпее на ромски јазик, го направи нејзиниот син Симеон Атанасов. „Пред да се раздени до мене остани, во новиот ден да сме заедно јас и ти…“ се дел од стиховите од песната која вчера беше премиерно претставена  во студиото 1 на Македонската радио телевизија, за време на снимањето на шоуто „Танц со ѕвездите“, на кое присуствуваа и претставници на медиумите. Јавноста ќе може премиерно да ја чуе вечерва на првата програма на МРТ со почеток од 20.45 часот.

Евровизиската тема МРТ треба да ја предаде најдоцна до 18-ти март, кога во Шведска ќе се одржи состанокот на шефовите на делегациите од сите земји-учеснички на изборот. Видео записот за новата евровизиска песна ќе биде готов до крајот на месецот. Есма и Влатко ќе пеат во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 14-ти мај, во арената во Малме.

Уште еден новитет за годинава е тоа што има одредени промени во начинот за гласање, сè со цел да се намали влијанието на „комшиското“ гласање. Каков ќе биде резултатот од тоа ќе дознаеме во мај.



Врати се горе ↑