Настани idg8pz

27 ноември, 2012

Вечерва подгответе се за Нувел Ваг

После „ПИН“ музичката конференција која се одржа деновиве, Таскират 14 веќе денеска, 27ми ноември продолжува со својата програма, во чии рамки во клуб Колосеум на македонската публика и закажуваме сензуална концертна средба со францускиот арт-феномен „Nouvelle Vague“. За овој концерт, Нувел Ваг доаѓаат во осумчлен состав со ексклузивен музичко-сценскиот перформанс „Dawn Of Innocence” кој е осмислен и режиран од страна на модниот маг, дизајнерот Жан Шарл де Кастелбажак. Предводени од  Марк Колин и во поддршка на сензуалните вокали на двете атрактивни пејачки Мелани Пен и Лисет Але, на скопската публика тие ќе и го претстават своето ново шоу, во чии рамки ќе го промовира новиот сценско-визуелен настап, омилениот хит-репертоар на нивните фанови и дел од новите песни на бендот.

Подготвени за повторно да го превртиме Скопје наопаку и да го продолжиме веќе разиграниот фестивалски дух, ве очекуваме на првата концертна увертира за Таксират 14, токму со неодоливиот шарм на Nouvelle Vague, кој ветуваат уникатна и сензуална француска арт-вечер.
Почетокот на концертот е во 21:00 часот, а ве потсетуваме и дека концертот на Nouvelle Vague  е лимитирани на само 1500 влезници, кои уште во мал број се достапни во претпродажба во продажната мрежа на МКтикетс. Цената на билетите во претпродажба е 300 денари, а вечерва на влезот во клуб „Колосеум“, нивната цена ќе биде 400 денари. 


Врати се горе ↑