Настани pmg_fest4

18 октомври, 2013

Вечерва „Пи-ем-џи фестивал“ во МКЦ

Пи-ем-џи рекордингс фестивалот 4 ќе се одржи вечерва (18 октомври) во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје и претставува природно продолжение на фестивалските заложби за напредно презентирање на најсвежите сонични авантури на македонскиот дел од музичкиот универзум. Во соопштението до јавноста Пи-ем-џи велат:

„Оваа година прославуваме 15 години постоење и 100 изданија, па сметавме дека е добра идеја да го збогатиме списокот на артисти и покрај нажите ѕвезди поканивме и пар силно современи, свежи, катинг еџ странски артисти. ПМГ Рекордингс Фестивалот е прослава на македонската независна музичка култура и секоја година е одлично посетен, па и оваа година очекуваме полна сала во МКЦ. Со необично задоволство Ве каниме да бидете дел од нашата прослава, ајде да направиме уште еден настан со светски mind set“.

Артисти кои настапуваат на овогодинешното издание: Филип Горбачев (Москва), Монозид (Лајпциг) и домашните: „Беи д фиш“, „Пи-ем-џи колектив“, Милко, Лепи Џони, Роботек и Мирко Попов.

 



Врати се горе ↑