Настани WEEKEND PARTY FLAER Web

3 август, 2013

Вечерва најдобрата викенд журка е во Охрид!

Вечерва во Охрид, на 2-рата плажа во Градиште започнува најдобрата журка викендов! Со почеток од 23 часот најавена е пет часовна журка со Слаткаристика, диџеј Ник Капа, Газда Паја, Токсиколози и многу други. Покрај нашите домашни артисти, кај нас за прв пат настапува Газда Паја со неговата хит песна „Чке Београдске” и диџеј Ник Капа со светски познатата „Summer in love” трака.

Вечерта од Охрид- Центар и Билјанини извори ќе има организиран превоз до плажата Градиште, а картите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во претпродажба на плоштад-Охрид и низ продажната мрежа на Мк Тикетс. За да го запаметите најлудиот викенд ова лето во Охрид, посетете ја најдобрата журка на летото и забавувајте се под отворено небо на Градиште- 2ра плажа, местото кое секогаш нуди супер журка!



Врати се горе ↑