Концерт 299991_447211881993827_1114137675_n

21 декември, 2012

Вечерва концертна промоција на „Антитело“ од Фолтин

Неодамна излезе долгоочекуваното ново издание на еден од најзначајните бендови на македонската современа музичка сцена, битолскиот бенд Фолтин. По пауза од речиси 5 години, новиот материјал на Фолтин кој се состои од 6 нови песни спакуван во мини албум наречен „Антитело“ конечно ја здогледува светлоста на денот. Материјалот е снимен во студиото „Тра Ла Ла“ заедно со Мите Димовски, а како издавач се јавува МКЦ Скопје.

Концертната промоција на „Антитело“ ќе се одржи вечерва, 21-ви декември во МКЦ со почеток во 21 часот. Картите во претпродажба по цена од 250 денари можете да ги набавите во МКЦ, а овој мини албум ќе го најдете во Пола Југотон и во преостанатите музички продавници низ државата.

Во продолжение слушнете ја насловната нумера „Антитело“.

 



Врати се горе ↑