Концерт 2657039238_69e2f27d2b_z

24 декември, 2012

Вечерва концерт на Стојан Димов во салата на ФМУ

Стојан Димов, кларинетист и саксофонист, низа години наназад со својот саксофон патува низ целиот свет – Италија,Франција, Шпанија, САД, Руска Федерација, Канада, Израел, Мароко, Кина, Мексико, Аргентина… Соработувал со значајни оркестри, групи и личности од светот на музиката и шоу бизнисот воопшто, како – Транс атлантико камерен оркестар, Абсолут ансамбл, Гудачите на Св.Ѓорѓе, Горан Бреговиќ, Џипси кингс…,

Застапувајќи ги во изведбите речиси сите епохи и жанрови од класичната, преку поп, фолк, клецмер, џез…. до нешто што се нарекува world music. По непредвидена “пауза” од осум години лично неучество на македонската музичка сцена, конечно се створи услов за еден концерт во Скопје, пишува mkd-news.com.

„Ми причинува особено задоволство што конено сум повторно со концерт во Скопје.  Со задоволство ја креирам програмата со мојата долгогодишна соработничка, пијанистката Рита Трпчева Поповиќ. Со исклучок на Брамсовата соната за кларинет и пијано бр.2, останатите дела припаѓаат на  музиката на дваесетиот век, која по природата на стилската разновидност, ја сметам за предизвикувачки интересна“ – изјавил Димов.

Концертот ќе се одржи во салата на Факултетот за музичка уметност во Скопје, вечерва, 24 декември – понеделник, со почеток во 20 часот.

Извор:mkd-news.com



Врати се горе ↑