Свет Eurovision-logo-2013-radiomk

18 мај, 2013

Вечерва ќе се избере победникот на Евровизија 2013

По двете полуфинални вечери одржани на 14-ти и 16-ти мај, вечерва со почеток од 21 часот ќе започне финална евровизиска вечер во која една од 26-те земји финалистки ќе ја понесе титулата победник на Евровизија 2013. Од првата и втората полуфинална вечер беа избрани по 10 земји, а ним ќе им се придружат и претставниците од „големата петка“, како и земјата домаќин.

Со променетиот начин на гласање годинава, многу прогнози „паднаа во вода“, голем број од земјите кои високо котираа според евровизиските фанови, не успеаја да влезат во финале. Слично сценарио доживеаја и земјите од Балканот – ниту една земја од просторите на поранешна Југославија не отиде во финале, а од регионот вечерва ќе ги видиме само претставниците на нашиот јужен сосед и Романија.

По изведбата на сите 26 композиции за вечерва ќе следи гласањето кое повторно ќе биде збир од половина од гласовите на жири комисијата и половина од публиката, а во ревијалниот дел меѓу другото ќе настапи и минатогодишната победничка Лорин, која ќе го изведе нејзиниот нов сингл „We Got The Power“.

Редоследот за вечерва е следниот:

  1. Франција: Amandine Bourgeois – L’Enfer Et Moi 
  2. Литванија: Andrius Pojavis – Something
  3. Молдавија: Aliona Moon – O Mie
  4. Финска: Krista Siegfrids – Marry Me
  5. Шпанија: ESDM – Contigo Hasta El Final
  6. Белгија: Roberto Bellarosa – Love Kills
  7. Естонија: Birgit – Et Uus Saaks Alguse
  8. Белорусија: Alyona Lanskaya – Solayoh
  9. Малта – Gianluca Bezzina – Tomorrow
  10. Русија: Dina Garipova – What If
  11. Германија: Cascada – Glorious
  12. Ерменија: Dorians – Lonely Planet
  13. Холандија: Anouk – Birds
  14. Романија: Cezar – It’s My Life
  15. Велика Британија: Bonnie Tyler – Believe In Me
  16. Шведска: Robin Stjenberg – You
  17. Унгарија: ByeAlex – Kedvesem
  18. Данска : Emmelie de Forest – Only Teardrops
  19. Исланд: Eyþór Ingi – Ég á líf
  20. Азербејџан: Farid Mammadov – Hold Me
  21. Грција: Koza Mostra feat. Agathon Iakovidis – Alcohol Is Free
  22. Украина: Zlata Ognevich – Gravity
  23. Италија: Marco Mengoni – L’Essenziale
  24. Норвешка: Margaret Berger – I Feed Your Love
  25. Грузија: Nodi Tatishvili & Sophie Gelovani – Waterfall
  26. Ирска: Ryan Dolan – Only Love Survives

Иако веќе подолго време фаворит за победна е Данска, сепак со новиот начин на гласање ништо не е сигурно. Спектаклот вечерва започнува во 21 часот и ќе биде пренесуван во живо на првата програма на МРТ.



Врати се горе ↑