Македонија 578591_4243780745695_1623291224_n

12 декември, 2012

Вечерва Јоце Панов го промовира новиот спот

Поп-пејачот Јоце Панов вечерва во хотелот „Сириус“ во Струмица со почеток во 19 часот ќе го промовира својот нов сингл „Љубовна религија“. Видео записот се снимаше седум дена на неколку локации низ земјата под режисерската палка на Дарио Јанковиќ. Спотот претставува документарец за најубавите локации кои природата и ги подарила на Македонија, проект кој се направи со поддршка од Југоисточниот реон.

На промоцијата ќе присуствуваат градоначалниците од југоисточна Македонија, јавни личности и блиски пријатели на Јоце Панов.



Врати се горе ↑