Концерт

23 март, 2019

Вечерва голем концерт на Лозано во „Борис Трајковски“

Вечерва со почеток од 20.30 часот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи големиот солистички концерт на една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски. Со своите најголеми хитови од трите албуми кичевскиот славеј ќе одбележи 10 години кариера, а како специјални гости ќе настапат колегите од братското дуо „Некст тајм“.

„Сонце не ме грее“, „Кога мене ќе ме немаш“, „Мандарина“, „Бонбона“, „Километри“, „Јако, јако“ и актуелната „Мајко“ се само дел од рефрените што ќе ечат во „Борис Трајковски“ вечерва, а сето тоа во организација на продукцијата „Авалон“ ќе биде овековечено и на дивиди.

Влезниците за вечерашниот настан се речиси распродадени, а преостанатите што се достапни можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија, во „Југотон“, „Розе“ – Веро 2 и во „Сити мол“, како и онлајн на avalon.mk

Gepostet von Avalon Produkcija am Mittwoch, 6. März 2019



Врати се горе ↑