Концерт 598462_10151276250772313_691519487_n

10 декември, 2012

Вечерва е концертот на Влатко Илиевски

Како што беше најавено, вечерва со почеток од 20.30 часот во Универзална Сала концерт ќе одржи поп-рок пејачот Влатко Илиевски, каде што ќе ги претстави 10-те песни кои се најдоа на албумот кој го промовираше пред десетина дена, насловен „Нека биде по твое“. Како што Влатко изјави за Дневник, ова ќе биде вистински рок концерт на кој ќе ги отпее сите нови, но и оние старите добри хитови кои многу добро ги знаеме. Концертот ќе го отвори скопскиот бенд Швалери, а на сцената заедно со Влатко, на негово големо задоволство, ќе бидат и неговите соработници Дарко Тасев и Владимир Дојчиновски-Дојчин.

Дел од песните кои се најдоа на новиот албум се издадени како синглови, а дел беа претставени на фестивалските сцени, како во Македонија, така и на интернационални фестивали. Вечерашниот концерт ќе трае околу 2 часа, а влезниците чинат 200 денари. Доколку не сте набавиле влезници, побрзајте бидејќи ќе биде добро, „И премногу добро“!

 



Врати се горе ↑