Концерт Slatkaristika za PR

2 ноември, 2012

Вечерва е големото „Отварање“ на Слаткаристика

Конечно дојде и 2ри ноември, денот кога за прв пат после три години ќе се соберат на едно место сите фанови еден од најдобрите хип хоп артисти во Македонија за најголемиот и најспектакуларен концерт до сега. Веќе на сите ни е познато дека станува збор за големото „Отварање“ на Слаткар во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Изминатиот период имавте можност да прочитате што сè ќе видите и слушнете на овој настан, од новата звучна изолација на салата до летечкиот цепелин кој ќе биде внесен во самата сала.

Сите овие подготовки се направени со цел да им овозможат на сите гости да уживаат во прекрасната вечер што претстои. Денеска целта ни е да Ве потсетиме уште еднаш за претстојниот спектакл вечерва, кој ќе биде и од хуманитерен карактер, односно дел од средствата собрани од продажбата на картите ќе бидат донирани за Св. Јован Бигорски, а отворени се  и линии 143-143, на кој број може да донирате 100 денари (со вклучен ДДВ) за децата од Јавната установа детски дом „11 Октомври“.

Исто така вечерва ќе биде претставена и новата кампања на НВО Гоу Грин, насловена како „Гоу Клин“ која ќе започне ден по концертот, односно утре на 3ти ноември. Сето тоа и други изненадувања Ве очекуваат вечерва во 21:00 часот во салата „Борис Трајковски“, а вратите ќе бидат отворени уште од 19 часот. Се надеваме дека и овој концерт ќе помине во одлична атмосфера и ќе има добра забава, а Вие загрејте се за „Tonight!“

 



Врати се горе ↑