Погледнете ја ТВ најавата за најголемиот музички спектакл во Македонија за ова лето !ONE REPUBLIC/ 1 ЈУНИ/ АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Posted by Avalon Produkcija on среда, 22 април 2015

1 јуни, 2015

Вечерва долгоочекуваниот концерт на „Уан репаблик“ во Скопје!

Арената „Борис Трајковски“ вечерва ќе ечи со хитовите на популарната американска група „Уан репаблик“, која доаѓа во Скопје во рамките на својата турнеја „The Native Tour“, а публиката заедно со нив ќе ги пее рефрените на „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“ и „Love Runs Out“, кои се најдоа на нивниот трет студиски албум „Native World“, како и дел од постарите хитови, меѓу кои и синглот којшто ги лансираше на светската сцена – „Apologize.

Вратите за публиката ќе бидат отворени од 19 часот, а во 20 часот концертот ќе го отворат специјалните гости „Мејкмејкс“, кои годинава ја претставуваа Австрија на „Евровизија 2015“. Популарниот бенд предводен од хит-мејкерот Рајан Тедер на сцената ќе се качи во 21 часот, а концертот ќе заврши во 22.45 часот, соопштија од „Авалон продукција“.

Продукцијата исто така соопшти дека комплетно се распродадени влезниците за фан пит и партер, на кои отпаѓа најголемиот дел од капацитетот на салата, а останати се само уште мал број влезници за трибина (1.200 денари) и ВИП трибина (1.500 денари), затоа побрзајте и набавете си влезница за најголемиот концертен спектакл годинава!

Влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑