Македонија

21 февруари, 2019

Вечерва 22. издание на „Златна бубамара на популарноста“

Во арената „Борис Трајковски“ вечерва по 22. пат ќе се одржи популарната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, а мотото овој пат гласи „ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ на музика, забава и смеење!“.

Непосредно пред одржувањето на настанот, организаторите ги објавија годинашните добитници на наградата за животно дело и за трајни музички вредности, кои ќе одат во рацете на легендарните македонски музички творци Григор Копров и Мики Јовановски Џафер.

Останатите добитници ќе ги дознаеме вечерва, а за сите оние што не успеаја да си набават влезници, манифестацијата ќе можат да ја гледаат в недела, 24 декември, на „Канал 5“ со почеток од 20.00 часот.

Генералната проба помина одлично – утре уживаме заедно

Gepostet von Zlatna Bubamara Na Popularnosta am Mittwoch, 20. Februar 2019



Врати се горе ↑