Настани psm-hera

25 септември, 2015

„Вечер на слем поезија“ по повод правата на жената

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување „ХЕРА“ и „Слем поезија на Македонија“ (Poetry SLAM Macedonia) по повод 28 септември – Глобалниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус, организираат „Вечер на слем поезија“. „Поетри слем“ е натпревар каде поетите, односно поетесите, ги читаат т.е. рецитираат своите оргинални дела.

На настанот закажан за понеделник, 28 септември, со почеток во 19.30 часот во МКЦ клуб ресторанот, ќе имате можност да видите како сексуалното и репродуктивното здравје на жената, правото за избор за прекин на бременоста ќе бидат изразени на креативнен начин од страна на поетесите: Елена Пренџова, Цвета Колева, Кети Јованова, Лиле Јовановска, Соња Гаврилова и Жаклина Филипова – Свеќаровска.

 



Врати се горе ↑