Концерт g_koncert

1 јануари, 2013

Василичарскиот концерт во чест на Верди

Традиционално по повод празникот Василица, на 12-ти јануари на големата сцена на Македонската опера и балет ќе биде одржан  Василичарски концерт со кој ќе бидат одбележани и 200 години од раѓањето на Џузепе Верди (1813-2013).

Ќе настапат наши истакнати оперски уметници како: Славица Петровска-Галиќ, Весна Ѓиновска- Илкова, Благица Поп Томова, Ирена Kавкалевска, Kатерина Стојановска, Иван Момиров (тенор од Бугарија), Цветан Стојановски, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ристе Велков, Владимир Саздовски, Драган Ампов. Ќе се изведат арии од оперите: Магбет, Риголето, Дон Kарло, Трубадур, Фалстаф, Симон Боканегра, Бал по маски, Набуко, Травијата. Диригент е Бисера Чадловска, а ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ.

Во чест на Верди на програмата ќе се најдат познати арии, дуети, хорски делници и увертири од неговите опери, од кои некои првпат се изведуваат во Македонија.



Врати се горе ↑