Концерт MOB_Vasilica_koncert

8 јануари, 2014

Василичарски концерт со филмски ноти

Традиционалниот оперски концерт по повод празникот Василица, закажан на 12-ти јануари во 20:00 часот, во Македонската опера и балет, годинава е насловен „Филмски ноти”, а со него ќе диригира Саша Николовски-Ѓумар. Ќе настапат оперски солисти, естрадни ѕвезди, Хорот и Оркестарот на МОБ: Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Наде Талевска, Олгица Милевска, Олгица Христовска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Влатко Лозаноски-Лозано, Горан Наумовски, Ѓоко Танески, Верица Пандиловска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Мицковска, Дејан Бобиќ-Дексо, Александра Јанева

Ќе бидат изведени познати песни од популарни филмови, како: „Кум”, „Коса”, „Џејмс Бонд”, „Дух”, „Девојки од соништата”, „Маската на Зоро”, „Телохранител”.

Извор: Cooltura.mk



Врати се горе ↑