Балкан 10492457_690781701011404_3498538852479777785_n

11 септември, 2014

Васил Хаџиманов снима албум во живо

Џез пијанистот Васил Хаџиманов и неговиот бенд во текот на летото имаа бројни настапи во чии рамки го претставуваа материјалот од актуелниот албум „Can You Dig It“, но исто така работат и на ново издание кое ќе го снимат во живо на концертите во октомври. Првиот од вкупно шесте настапи ги очекува на џез фестивалот во Белград.

„До сега објавивме пет студиски албуми и мислам дека е време да снимиме и еден ваков диск, бидејќи настапите во живо се најкарактеристични за ’Васил Хаџиманов бенд’“, изјавил музичарот за спрпски „Новости“, додавајќи: „Специјален гостин ќе биде американскиот саксофонист Дејвид Бини, еден од најуспешните и најталентирани музичари на њујоршката џез сцена. Поентата е да го одбереме најдобриот материјал од концертите и сето тоа да го спакуваме во квалитетен албум. Освен мене, во креирањето на албумот како автори учествуваат и останатите членови на бендот.“

Во меѓувреме, Васил и неговиот бенд имаат повеќе закажани настапи, меѓу кои и мини-турнеја во Бугарија, а наскоро ќе претстават и видео запис за композицијата „Треме“. И покрај тоа што видео записот е снимен во Србија, Хаџиманов вели дека на многумина ќе им асоцира на Њу Орлеанс, родното место на џезот.

 

Извор: Novosti.rs

Фотографија: Ивана Чутура



Врати се горе ↑