22 септември, 2014

„Васил Хаџиманов бенд“ го претстави видео записот за „Treme“

Како што Ви пренесовме неодамна, познатиот џез музичар Васил Хаџиманов и неговиот бенд подготвуваат нов албум во живо, кој ќе го снимат за време на концертните настапи во октомври, а специјален гостин ќе им биде американскиот саксофонист Дејвид Бини, еден од најуспешните и најталентирани музичари на њујоршката џез сцена.

Момците деновиве го промовираа и новиот видео запис за песната „Treme“, во која гостуваат колегите Скај Виклер и Вукашин Марковиќ. Видео записот е посветен на луѓето и музиката од градот Њу Орлеанс, родното место на џезот, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑