12 март, 2018

Вања Радовановиќ ја екранизираше евровизиската „Иње“

Со победата на годинашното издание на фестивалот „Монтевизија“, кантавторот Вања Радовановиќ го освои билетот за Лисабон, каде што ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија 2018“. 35-годишниот музичар се потпишува и како автор на темата „Иње“, а аранжманот е на колегата Боле Мартиновиќ.

Етно-баладата сега доби и свое официјално видео, кое се снимаше на повеќе локации во Котор, Стари Бар, Валданос и Цетиње, сето тоа во режија на Гојко Беркуљан. „За разлика од претходните видеа, кои беа претежно туристички ориентирани, ние сега ќе се обидеме да ја прикажеме нашата земја во едно поинакво, бајковито светло, преку Викторијански костими и безвременски приказни врз основа на песната на Вања“, изјави Беркуљан, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

За жал, македонската публика нема да може да гласа за Вања во полуфиналните вечери бидејќи тој ќе настапи во втората полуфинална вечер на 10 мај, но секако дека ќе можеме да го поддржиме доколку влезе во финале. Среќно!



Врати се горе ↑