Македонија 10320550_522610367844495_2995975450354874126_n

11 ноември, 2014

Вања Лазарова конечно доби државна пензија

Музичката легенда Вања Лазарова конечно ја доби националната пензија. Решението лично ѝ го врачи министерката Елизабета Канческа Милевска, која, подарувајќи ѝ цвеќе, лично ѝ се заблагодари за огромниот придонес во македонската музика и култура во светот.

Златниот глас во македонската народна музика ја доби пензијата, откако минатитот месец по притисок од јавноста ѝ беше доделена државна награда, што е услов за добивање на државна пензија. Иницијатива за добивање на државна награда. а со тоа и државна пензија, беше покрената на социјалните мрежи по интервјуто кое го направи „24 Вести“ за сознанието дека Лазарова живе во старечки дом.

Покрај Лазарова решенија за државна пензија денеска добија и писателот Раде Силјан, културниот работник од областа на библиотекарството Миле Бошески, и реномираниот диригент Рамадан Шукри. Повеќе информации во прилогот на „24 Вести“.



Врати се горе ↑