27 април, 2017

Ванеса Меј Ве кани на концерт!

Светски познатата виолинистка Ванеса Меј испрати покана до сите нејзини фанови за концертот кој ќе го одржи во Скопје на 15 мај 2017 во ВИП арената „Борис Трајковски”.

„Сите оние што сакаат да присуствуваат на концертот на атрактивната и популарна виолинистка, а сè уште немаат билет, нека побрзаат. Многу е веројатно дека целиот преостанат капацитет ќе биде распродаден за неколку денови“, се вели во соопштението на „Прагма продукција“, организаторите на концертот.

Концертот на оваа мега популарна ѕвезда е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Македонската Филхармонија. Билетите за концертот, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, „Пола Југотон“ и цвеќарница „Розе“ – Веро 2.



Врати се горе ↑