Балкан

11 јуни, 2019

„Ван Гог“ во Скопје промовираат нов албум и книга

В четврток, 13 јуни, во организација на „Баги комуникации“ ќе бидат промовирани новиот албум и книга на српскиот рок-бенд  „Ван Гог“. Станува збор за новото, десетто по ред издание на бендот кое го носи насловот „Море без обала“ и беше пуштено во продажба во февруари годинава. Деновиве беше претставен и ексклузивниот транспарентен син винил од истиот албум, а истовремено од печат излезе и книгата чиј автор е лидерот на бендот – Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле.

„Возбудени сме што доаѓаме повторно во Скопје и со нетрпение ја очекуваме средбата со медиумите и со нашите фанови“, вели Ѓуле и додава дека во Македонија секогаш имале незаборавни настапи и дека не случајно и промоцијата ја прават меѓу првите во регионот. Промоцијата ќе се одржи во „Плеј кафе“, во „Сити мол“, со почеток во 12 часот.

Групата вчера го промовираше и новото видео за синглот „Готово је све“.

Спотот е омаж на времето од кое што доаѓаме, со потврда дека вистинските вредности траат вечно. Идејата ни беше преку енергијата на движењата да го споиме минатото и сегашното време. За сликата од минатото, природен избор ни беше серијата ’Образ уз образ’, тоа боженствено, вонвременско шоу со кое секој пат им се восхитувавме и радувавме на магијата на Милена и Гага. Судејќи по тоа како сензибилитетот на нивните движења низ играта се вклопија во ритамот на музиката на денешната публика, сосема очигледно е дека тој ’допир на образот’ беше пред своето време“, објаснил Ѓуле.



Врати се горе ↑