Концерт

1 август, 2016

„Ван Гог“ вечерва во Охрид

На сцената во Долни Сарај, во рамките на дополнителната програма на „Охридско лето“, вечерва концерт ќе одржи популарната српска група „Ван Гог“, која годинава го одбележува јубилејниот 30. роденден и пред македонската публика ќе ги отпее своите најпознати рефрени во кариерата.

„За секој настап во Македонија постои посебна возбуда. Секоја наша песна има текст со порака и силни емоции, кои македонската публика целосно ги препознава. Случајно или не, нашите последни две турнеи и промоции на нашите два албума почнаа токму кај вас“, вели Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, вокалистот на групата.

„Ван Гог“ досега има објавено девет албуми, а последниот е насловен „Неумерен у свему“. Во моментов се актуелни и со изданието „Ако станемо губимо све“, на кое се сместени освежени аранжмани на 12 од нивните најпознати песни, меѓу кои „Неко те има ночас“, „Мама“, „Коло“, „Она и ја“, „Списак разлога“ и други, а за песната „Ангелу, мој брате“ од последниот албум имаат снимено и македонска верзија, на која можете да се потсетите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑