Аудио

17 декември, 2018

„Ван Гог“ немаат време за солзи

Групата „Ван Гог“ со гордост ја најавува новата песна „За сузе нема времена“, која ќе се најде на нивниот нов албум со наслов „Море без обала“. Ова е десетти студиски албум и излегува по точно пет години од нивното последно студиско остварување.

Албумот „Море без обала“ носи бран на звучна свежина низ десет нови песни, со силен енергетски набој и со препознатливиот печат на вангоговската поетика. Албумот ќе го види светлото на денот на 13 февруари в година и излегува под етикетата на „Ван Гог продукција“, а истиот ќе биде достапен и на сите актуелни онлајн-платформи.

Фотографија на VAN GOGH.

„Ви предлагаме во старата година зад себе да го оставите сè она што ве правеше несреќни и со насмевка да се свртите кон оние што најмногу ги сакате, бидејќи ’За солзи нема време!’ Среќна Нова 2019 Година од целиот тим на групата ’Ван Гог’“, порача фронтменот Звонимир Џукиќ Џуле.

Повеќе информации за новото издание и турнејата „Ван Гог 2019“ можете да најдете на Фејсбук, Јутјуб, Инстаграм и Твитер.

Извор: Слободен печат



Врати се горе ↑