Настани marshall jefferson

12 февруари, 2014

Валентајн журка со Маршал Џеферсон во ХО клуб

ХО клуб за денот на вљубените со гордост Ви најавува ексклузивно гостување на таткото на хаус музиката, како што е наречен во светски рамки,  Маршал Џеферсон. Директно од Чикаго, продуцентот и диџеј на скопјани ќе им овозможи  врвно музичко доживување со неговите најдобри траки, меѓу кои ќе биде и легендарната „Move Your Body“ со која го создаде правецот Чикаго хаус, вклучувајќи звуци на пијано во неа.

Џеферсон има свој удел во неколку од највлијателните песни во хаус музиката со што стана еден од најдобрите и најбарани светски продуценти. Почетокот на Валентајн журката во петок е на полноќ, а влезниците до 01:00 ќе чинат 200 денари, а потоа 250.



Врати се горе ↑