Балкан

17 март, 2019

„Вакуум“ го објави видеото за „Faith Is Born“

Српскиот енергичен инструментален бенд „Вакуум“ (Vacuum) на почетокот на март годинава го овјави видеото за остварувањето „Faith Is Born“, сместено на албумот „Prologue“, објавен под етикетата „Слушај најгласније“, како најеминентната независна етикета на нашите простори. Албумот е создаден во 2016 година, и тоа само две години од основањето на овој состав.

Треба да се спомене дека издавачката куќа „Слушај најгласније“ на публиката ѝ ги претстави: „Горибор“, „Мајке“, „Бамби молестерс“, „Сатана Панонски“, Дамир Авдиќ, „Аутогени тренинг“, „Оуверфлоу“, „Машина“ и други.

„Вакуум“ создава инструментална музика во која може да се слушнат влијанијата на панкот, алтернативниот рок, фанкот и електрониката. Членови на овој бенд од Заечар се: Дејан Николиќ (гитара), Марко Ранѓеловиќ (бас) и Иван Андрејевиќ (тапани). Автор на видеото е „69хенки“ (69hanky).



Врати се горе ↑