David Coverdale, фронтменот на легендарните Whitesnake лично Ве поканува на досега невиден рок спектакл во арената „Борис Трајковски“, каде ќе ве потсети на антологиските песни што своевремено ги отпеа со култните Deep Purple, како и на своите најголеми хитови што ја одбележаа светската рок сцена во последниве четири децении.Се гледаме на 25 ноември! Purple and Snake hits, couldn`t be better! ;)

Posted by Avalon Produkcija on вторник, 17 ноември 2015

25 ноември, 2015

„Вајтснејк“ пристигнаа во Скопје

Легендарните „Вајтснејк“ со приватен авион од Софија, утрово пристигнаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“, соопштија од „Авалон продукција“. По фантастично посетените концерти викендов во Загреб и во Белград (организирани од Авалон) и синоќешниот распродаден концерт во Софија, великаните на светската рок сцена вечерва во арената „Борис Трајковски“ ќе одржат уште едно спектакуларно рок шоу.

Вратите во арената „Борис Трајковски“ се отвораат од 19 часот. Концертот ќе го отвори „Дед дејзис“ (The Dead Daises) – бендот кој ги придружува „Вајтснејк“ на нивната европска турнеја, во 20.25 часот, додека легендарните рокери ќе го почнат својот настап точно во 21.30 часот.

Билети има сè уште во продажба на www.kupikartizase.com и во Југотон.



Врати се горе ↑