Свет wj

3 септември, 2014

Вајклeф Жан најави нов албум и соработка со Авичи

Познатиот музичар со потекло од Хаити и поранешен член на триото „Фуџиз“, Вајклeф Жан се враќа на музичката сцена со нов албум насловен „Clefication“. Според последните најави, албумот би требало да се појави следната пролет, а првиот сингл со наслов „Divine Sorrow“, кој се очекува до крајот на годинава, би требало да биде соработка со шведскиот диџеј и продуцент Авичи. 44-годишниот музичар до неодамна претстојуваше во Стокхолм, каде што заедно со Авичи работеа на новиот материјал.

Ова не е прва соработка за двајцата музичари, кои веќе соработуваа и за темата „Dar Um Jeito (We Will Find a Way)“, снимена за последното СП во фудбал, кое годинава се одржа во Бразил.

 



Врати се горе ↑