Аудио wja

18 ноември, 2014

Вајклеф Жан и Авичи со хуманитарен сингл: Слушнете ја „Divine Sorrow“

Како што Ви пренесовме неодамна, американскиот музичар и поранешен член на групата „Фуџиз“, Вајклеф Жан се враќа на музичката сцена со нов албум, а првиот сингл насловен „Divine Sorrow“ го сними во соработка со шведскиот диџеј и продуцент Авичи. Целиот приход од продажбата на синглот ќе биде наменет за борбата против ширењето на ХИВ и сида во Африка, а кампањата ја предводат компаниите „Кока кола“ и „РЕД“.

„Divine Sorrow“ ќе се најде на албумот „Clefication“, кој Вајклеф ќе го објави на пролет, како и на сетот „Stories“ од Авичи, а не е исклучена можноста да биде дел и од новиот албум на диџејот, кој ќе биде во рок стил. Како звучи оваа соработка можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑