Концерт

16 мај, 2019

В сабота во „Барбакан“ попладневен концерт на Четкар

По повод осмиот роденден на бистро-барот „Барбакан“, в сабота (18 мај) со почеток од 15.30 часот попладневен концерт ќе одржи Владимир Четкар. Популарниот музичар ќе настапи со ансамбл составен од придружните вокалистки Сара Николовска и Ана Костадиновска, Трајко Велков на труба, Боби Вокер на тенор-саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Гордан Спасовски на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас, Ратко Даутовски на перкусии и Виктор Филиповски на тапани.

Скопскиот концерт е дел од промотивната турнеја за новиот албумGoing Home, објавен во март годинава, а музичарот деновиве го претстави и најновиот сингл од ова издание, посветен на охридската јагула. Тој досега одржа два коцерта во Њујорк и во Чикаго, а на почетокот на јуни ќе настапи во Детроит и во Кливленд.

Повеќе информации за претстојниот концерт на Фејсбук.



Врати се горе ↑