Свет oscars

26 февруари, 2016

В недела се доделуваат академските филмски награди „Оскар“

В недела, 28 февруари, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ќе се одржи 88. по ред доделување на академските филмски награди „Оскар“. Според бројот на номинации, без никакво изненадување, предводи епскиот вестерн на мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес ИњаритуПовратник“ (The Revenant), кој е во трка за дури 12 статуетки, а веднаш зад него, во 10 категории е номиниран „Лудиот Макс: Пат на бесот“ (Mad Max: Fury Road). И двата филма се номинирани во категоријата Најдобар филм, заедно со „Кладба на векот“ (The Big Short), „Мост на шпиони“ (Bridge of Spies), „Марсовец“ (The Martian), „Соба“ (Room), „Бруклин“ (Brooklyn) и „Во центарот на вниманието“ (Spotlight). 

Во трка за златната статуетка се и познатите музички ѕвезди Лејди Гага, Сем Смит и Викенд, чии песни се номинирани во категоријата Најдобра оригинална песна, а ако се раководиме од победниците на другите доделувања на филмски и телевизиски награди, како што се Златен глобус и БАФТА, наградата за Најдобра оригинална музика веројатно ќе оди во рацете на Енио Мориконе за музиката во филмскиот хит на Тарантино, „Омразената осумка“. На сите досегашни доделувања годинава, наградата за Најдобар актер во главна улога ја освои Леонардо ДиКаприо, така што се надеваме дека за улогата во „Повратникот“ конечно ќе го добие и својот прв Оскар.

На претстојната церемонија, во улога на водител по втор пат ќе го видиме познатиот актер и комичар Крис Рок, кој претходно беше домаќин на доделувањето во 2005 година, а настанот ќе го пренесуваат преку 225 држави во светот. Во Македонија петта година по ред оскаровското шоу ќе се емитува на телевизија „Сител“. Коментатор на преносот ќе биде Миланка Рашиќ, чија агенција „Миракс“ и годинава ги откупи правата за емитување на најгламурозниот светски филмски настан. Заедно со Рашиќ првиот дел од преносот ќе го коментира Александар Ношпал, костимограф и моден дизајнер, едно од најзначајните имиња на македонската модна сцена.

За крај, водителот Крис Рок открива три причини поради кои треба да ги гледате Оскарите:

 



Врати се горе ↑