Свет

29 април, 2019

В година официјална биографија за Авичи

Следната 2020 година ќе биде објавена официјалната биографија за шведскиот продуцент Авичи, кој почина на 20 април минатата година, на возраст од само 28 години. Веста доаѓа само неколку дена од годишнината од неговата прерана смрт.

Автор на биографијата ќе биде наградуваниот шведски новинар Монс Мосесон, а сите приходи од продажбата ќе бидат наменети за Фондацијата Тим Берглинг, која неговото семејство ја основаше со цел да им помогне на сите што имаат проблеми со менталното здравје.

Порано овој месец беше објавен и првиот постхумен сингл од Авичи, „SOS“, како најава за албумот „TIM“, што ќе пристигне во јуни.



Врати се горе ↑