Видео jojo

25 декември, 2012

Уживајте во одличната акустична изведба на Џоџо

Можеби паузираше неколку години, но затоа сега младата американска пејачка Џоџо (22) надополнува за тоа со многу новитети. Откако неодамна го објави нејзиниот микстејп „Agape“, најавен со двата синглови „We Get By“ и „Andre“, деновиве пејачката за „The Splash“ сними акустична сесија во која преовлада празничното расположение. Покрај новите песни од актуелниот микстејп, таа ја отпеа и класичната божиќна балада „The Christmas Song“. Дел од репертоарот беа и нејзиниот голем хит „Too Little Too Late“, како и „Demonstrate“. Во продолжение уживајте во одличните акустични изведби на Џоџо.

Извор: Popcrush

 



Врати се горе ↑