Видео skopski_1

23 ноември, 2014

Уживајте со сите 20 композиции од „Скопски фестивал 2014“

Со оглед на тоа што сите новости за фестивалот деновиве се однесуваат на скандалот во врска со телефонското гласање, редно е да обрнеме внимание на неговата првична намена, а секако дека тоа се самите песни. Без разлика на пласманот, секоја од нив заслужува внимание и потребно ѝ е време за да допре до публиката, па затоа решивме да Ве потсетиме како звучеа 20-те композиции отпеани на „Скопски фестивал 2014“.

 1. Лена Заткоска – Ало (музика и текст – Ристо Самарџиев, аранжман – Владимир Дојчиновски) *студиска снимка овде*

 

2. Тања Царовска – Ако ми се вратиш (музика и текст – Тања Царовска, аранжман – Дарко Димитров) *студиска снимка овде*

 

3. Даниел Кајмакоски – Лисја есенски (музика – Јоаким Персон, текст – Александар Митевски и Даниел Кајмакоски, аранжман – Бобан Апостолов, Александар Митевски и Далибор Грубачевиќ) *студиска снимка овде*

 

4. Вера Јанковиќ – Се плашам (музика – Дарко Тасев, текст – Весна Малинова, аранжман – Давор Јордановски) *студиска снимка овде*

 

5. Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски – Север-Југ (музика и аранжман – Владимир Дојчиновски, текст – Ристо Самарџиев)

 

6. Евгенија Чанчалова Еги – Да не те сакам (музика – Григор Копров, текст – Јелена Булинац, аранжман – Владимир Дојчиновски) *студиска снимка овде*

 

7. Александра Михова – Срце чува спомени (музика и аранжман – Андријана Јаневска, текст – Вероника Стојановска) *студиска снимка овде*

 

8. Лидија Кочовска и Маријан Стојановски – Сонце низ облаци (музика – Трајче Ставрески, текст – Маја Павловска, аранжман – Љупчо Трајковски-Фис) *студиска снимка овде*

 

9. Јоце Панов – Ни Љ од љубовта (музика – Саша Драгиќ, текст – Владо Јаневски, аранжман – Никша Братош) *студиска снимка овде*

 

10. Горан Наумовски и Сања Керкез – Миг без тебе (музика, текст и аранжман – Андријана Јаневска) *студиска снимка овде*

 

11. Александар Тарабунов и Тони Михајловски – Марија (музика и аранжман – Роберт Билбилов, текст – Тони Михајловски) *студиска снимка овде*

 

12. Александра Јанева – Во твојот свет (музика – Ванчо Димитров, текст – Ана Пандевска, аранжман – Дамјан Лазаров) *студиска снимка овде*

 

13. Мијата – Заљубен (музика и текст – Тања Царовска, аранжман – Роберт Билбилов) *студиска снимка овде*

 

14. Тамара Тодевска – Брод што тоне (музика, текст и аранжман – Роберт Билбилов) *студиска снимка овде*

 

15. Сања Ѓошевска – Сакам да летам (музика, текст и аранжман – Дуке Бојаџиев) *студиска снимка овде*

 

16. Наде Талевска – Знам (музика и аранжман – Александар Масевски, текст – Биљана Пашариковска) *студиска верзија овде*

 

17. Викторија Лоба – Една единствена (музика и аранжман – Јован и Иван Јованови, текст – Елвир Мекиќ) *студиска верзија овде*

 

18. Верица Пандиловска – Само за тебе (музика – Салваторе Монети, текст – Јасмина Кантарџиева, аранжман – Љупчо Мирковски)

 

19. Нина Јанева – Блуз за (музика и аранжман – Давор Јордановски, текст – Тони Михајловски)

 

20. Димитар Андоновски – Сè што ти ветив (музика и аранжман – Лазар Цветкоски, текст – Магдалена Цветкоска) *студиска верзија овде*

 Видеата се преземени од каналот на С.Лунд.



Врати се горе ↑