16 декември, 2012

Уживајте со празничното шоу на Мајкл Бубле

Втора година по ред популарниот канадски пејач Мајкл Бубле (Michael Bublé) е домаќин на едно прекрасно празнично шоу во кое гостуваат негови колеги, насловено „Michael Bublé: Home for the Holidays“. Годинава во родниот град на Бубле – Ванкувер, Канада, на гости дојдоа канадската ѕвезда и негова сограѓанка  Карли Ре Џепсен, легендата Род Стјуард, американскиот кантри пејач Блејк Шелтон, како и Елмо од Сезами Стрит, а интересен момент е и „магичниот“ дует со Бинг Крозби на песната „White Christmas“. Шоуто се емитуваше на телевизискиот канал NBC на 10-ти декември. Уживајте следните четириесетина минути со одлични изведби во живо, во придружба на оркестар и одлично расположение. Песните кои годинава беа дел од репертоарот се: „Let it Snow“, „Santa Claus is Coming to Town“, „Rockin’ Around the Christmas Tree/Jingle Bell Rock“, „Cold December Night“, „All I Want for Christmas Is My Two Front Teeth“, „The Christmas Song“, „Winter Wonderland“, „White Christmas“, „Home“, „Christmas (Baby Please Come Home)“ и „Have Yourself a Merry Little Christmas“.

 



Врати се горе ↑