4 јануари, 2016

Уживајте со Новогодишниот концерт на МОБ

Во духот на новогодишните празници Македонската опера и балет оваа година подготви Новогодишен концерт. Во ритамот на валцери и полки, МОБ ја пренесе виенската магија и во Скопје, со прекрасниот концерт кој се одржа на 1 јануари, со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар, со настап на солистите и целосниот ансамбл на МОБ.

На програмата беа изведени најпознатите дела на Штраус, Штраус помладиот и оперетниот мајстор Калман, а настапија оперските солисти: Ана Дурловски (сопран), Михаило Арсенски (тенор), Марјан Јованоски (баритон), како и балетските солисти: Мими Поп Алексова – Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија). А освен веќе споменатите, настапи и хорот и оркестарот на МОБ.

Диригент на новогодишниот концерт беше Борјан Цанев, режисер Дејан Пројковски, кореограф м-р Олга Панго, избор на костими Марија Пупучевска, светло мајстор Милчо Александров, концерт мајстор Верица Ламбевска, додека хор мајстори се Јасмина Ѓоргоска и Ѓургица Дашиќ. 

Додека ја очекуваме снимката и од годинешниот концерт, уживајте со минатогодишното издание од 1 јануари 2015 година.



Врати се горе ↑