Балкан 941148_553393728045899_1179376818_n

1 април, 2014

Уживајте со концертот на „Ту челос“ во Хрватска

Хрватските виртуози на виолончело Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, познати како „Ту челос“, денеска ги израдуваа своите фанови со снимка од концертот кој го одржаа на 3 јули минатата година пред домашната публика во родниот град на Стјепан, Пула. Дуото кое позади себе веќе има 2 албума, бројни одлични преработки на хитови и соработки проследени со интересни видео записи, ја воодушевува публиката ширум светот и со своите самостојни настапи, но и како гости на турнејата на познатиот британски музичар Елтон Џон.

Момците во мај заминуваат на турнеја во Австралија каде што ќе одржат концерти во Мелбурн на 16-ти, во Бризбејн на 18-ти и Сиднеј на 19 мај, потоа ќе продолжат во Сингапур и Сеул, а последните 2 дена од месецот се резервирани за настапи во италијанскиот град Триесте.

Концертот во Пула беше снимен од страна на МедВид продукција под режисерската палка на Кристијан Бурловиќ, а за монтажата на видео и аудио материјалот се погрижија самите Шулиќ и Хаусер со помош на Иван Стифаниќ и Миро Видовиќ. И ние во Македонија имавме можност да уживаме во нивните страствени изведби на најпознатите рок хитови, а сега можете повторно да се препуштите во уште едно прекрасно концертно доживување. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑