Свет gg

9 јануари, 2016

Утревечер се доделуваат Златните глобуси

Како и секогаш, почетокот на годината е резервиран за бројните доделувања на музички и филмски награди, кои го привлекуваат вниманието на публиката од целиот свет. Првото доделување за годинава ќе се одржи утревечер, 10 јануари, кога најдобрите филмски и телевизиски проекти по 73. пат ќе бидат наградени со Златен глобус, што претставува и своевиден вовед во 88. доделување на Оскарите, чии номинации ќе бидат објавени на 14 јануари.

Од филмските остварувања, најмногу номинации (5) доби филмот „Керол“, по четири номинации имаатПовратник (The Revenant), „Стив Џобс и Кладба на векот (The Big Short), во 3 категории е номиниран Омразените осум“ (The Hateful Eight) на Тарантино, а комплетниот список со номинации погледнете го на официјалната веб страна на Златен глобус.

По пауза од три години, домаќин на манифестацијата повторно ќе биде британскиот актер и комичар Рики Џервејс, а преносот во живо ќе им биде овозможен само на гледачите во САД, кои ќе го следат настанот на телевизиската мрежа Ен-би-си, така што кој сè ќе се закити со Златен глобус годинава ќе дознаеме в понеделник. Во продолжение уживајте со номинираните песни од категоријата „Најдобра оригинална песна“.

„Love Me Like You Do“

филм „50 нијанси на сиво“ / автори: Макс Мартин, Саван Котеча, Али Пајами и Илја Салманзадех / изведувач: Ели Гоулдинг

 

„One Kind Of Love“

филм „Љубов и милост“ / автори: Брајан Вилсон и Скот Бенет / изведувач: Брајан Вилсон

 

„See You Again“

филм „Фуриозните 7“ / автори: Џастин Френкс, Ендру Седар, Чарли Пут, Камерон Томаз / изведувачи: Виз Калифа и Чарли Пут

 

 „Simple Song #3“

филм „Младост“ / Автор: Дејвид Ланг / изведувач: Суми Јо

 

„Writing’s On The Wall“

филм „Спектра“ / автори: Сем Смит и Џими Нејпс / изведувач: Сем Смит

И.Ј. 



Врати се горе ↑