Концерт 1504039_625164017573986_3410468415117409755_n

6 јуни, 2014

Утревечер првиот заеднички концерт на финалистите од „X Фактор“

Утре (сабота, 7 јуни) конечно македонската публика ќе има можност да биде дел од големиот концерт на финалистите на регионалното издание на мегапопуларното музичко шоу „Х Фактор“. Концертот кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ во Скопје е првиот заеднички настап на финалистите во регионот. Младите и талентирани финалисти на ова шоу доаѓаат подготвени за првата средба со своите бројни македонски фанови и најавуваат сензационален концерт чиј почеток е закажан во 21:00 часот, додека пак влезот за посетителите ќе биде отворен во 20:00 часот.

Честа да го отвори големиот концерт во сабота ќе ја има токму победникот на „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски, а овој концерт ќе биде одлична прилика заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.

На концертот во Скопје, голема чест е за мене што како домаќин ќе можам да ги угостам сите овие талентирани млади луѓе. Ние бевме и во Босна, во Бања Лука и атмосферата секаде беше одлична, но сигурен сум и убеден дека во Скопје во сабота ќе биде феноменално“ – изјави Даниел Кајмакоски.

Покрај Даниел Кајмакоски, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа меѓу 12те финалисти на „Х Фактор Адриа“ како Младен ЛукиќМаид Хеќимовиќ, Илма Карахмет, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Освен што е планирано тие да настапат со своите изведби од емисиите во живо на „Х Фактор“, дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки. „Настапуваме сите заедно што ни е особено драго и имаме пријатни изненадувања за сите наши фанови кои прв пат ќе имаат прилика да го видат и искусат концертното доживување кое го приредува „Х Фактор“. Ги покануваме сите на ова музичко дружење во арената „Борис Трајковски“ и сигурни сме дека сите заедно одлично ќе се забавуваме.“ – порачуваат финалистите пред утрешниот концерт.

„Х Фактор“ подготвува сенцазионалното концертно доживување во Скопје

За овој концерт во Скопје пристигна тим од 33 луѓе со вклучен стилист, тонец, продуценти од „МБК“ продукција, креативниот директор на „Х Фактор“, како и бенд кој ќе ги придружува финалистите на сцената. На концертот ќе се испејат точно 45 песни, меѓу кои ќе имаме задоволство за прв пат да чуеме и неколку премиерни изведби на песни на финалистите. Концертниот спектакл кој нè очекува во сабота ќе трае најмалку 120 минути.

Сценската техника за овој концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ ќе ја поставуваат студио „БЕРАР“ од Србија и „ДВД 5“ од Скопје. Студиото „Берар“ е застапник на водечките имиња на аудио, видео и светлосната технологија во светот, кое ги прати светските трендови и успеа да биде лидер на пазарот во југоисточна Европа за пренесување на најновите светски знаења и достигнувања во оваа област. Покрај нив, за сценската продукција ќе се грижи и компанијата „ДВД 5“ од Скопје кои зад себе имаат долги години искуство во техничкото опремување и презентирање на вакви настани.

Поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени

Сите кои сè уште не ги набавиле своите влезници ги известуваме дека имаат уште малку време за да го осигураат своето присуство на овој концерт. ВИП билетите за концертот се целосно распродадени, а речиси се распродадени и билетите за најпопуларниот фан-пит. Останати се уште помалку од 200 билети за трибините, како и мал број влезници за партерот.

Бидејќи петок (6 јуни) е неработен ден, влезниците денес ќе можете да ги купите само во продажните салони на ONE во „Рамстор“, „ВЕРО Центар“, „Скопје Сити Мол“, како и во „Камарад“ (Рамстор) и „Розе“ (Веро 2).
Влезниците се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Билетара на „Борис Трајковски“, „Камарад“, „Розе – Веро 2“.
  • Низ Македонија: Агора – Куманово, Зизи Топ – Охрид, Шишко – Кочани.

Фан-пит – 700 денари,
Партер – 350 денари,
Трибини – 400 денари.

Овој атрактивен концерт кој е подготвен да понуди сензационално искуство за сите посетители е реализиран со поддршка и благодарение на „Кока Кола“, „Бимилк“, „Подравка“, „Македонија Сообраќај“, како и „Сител“ телевизија.



Врати се горе ↑