Настани FLAER DVOSTRAN PRILEP 2015 (1)

5 јуни, 2015

Утревечер „Поетри слем“ во Прилеп

На 6 јуни, во сабота, во 19 часот на камената бина на плоштадот во центарот на Прилеп ќе се одржи традиционалниот слем натпревар во организација на поетри-слем тимот од Македонија. На настанот, покрај организаторите Елена Пренџова и Игор Трпче, ќе настапат и коорганизаторите за градовите Тетово и Кавадарци, Перо Сарџоски и Цвета Колева, но и учесници од повеќе градови од Македонија: Штип, Радовиш, Скопје, Берово, Прилеп, Велес, Гевгелија и Кавадарци: Александар Станојков, Александра Атанасова, Воислав Пехчевски, Гоце Ф. Димитриоски, Димитри Соле Љубин, Драгица Здравеска, Каролина Ѓореска, Константин Карев, Марио Стојаноски, Ристе Иракоски, Славица Карова и Тони Павлески.

Сите учесници ѝ се познати на публиката затоа што веќе учествувале на претходните слем настани, а многумина од нив биле и победници. Гости на вечерта ќе бидат Ана Голејшка и Ѓоко Здравески од „Астрални проекции“.



Врати се горе ↑