Концерт Esma

21 мај, 2014

Утревечер Есма со концерт ќе прослави 55 години музичка кариера

Утревечер (22 мај) со почеток од 20.30 часот, кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска ќе одржи концерт со кој ќе го одбележи јубилејот од 55 години музичка кариера. Нејзината регионална турнеја, која започна во Загреб, ќе заврши со утрешниот концерт во Скопје насловен „55 години Есма и нејзината песна“. Присутните ќе се потсетат со нејзините најголеми хитови како што се „Чаје Шукарие“, „Џелем Џелем“, „Чекај животе“, „Зошто си ме мајко родила“, „Ибрахим“, „Те сакам јас“ и многу други, а меѓу специјалните гости на Есма се најавуваат Ибуш Ибраимовски, нејзините ученици Елеонора Мустафовска и Шабан Саким, како и оркестарот „Amazing Romas from Macedonia“. 

 



Врати се горе ↑