Настани 59c392f1-1230-4c55-9757-5422fe2601ff

25 јули, 2014

Утре во Дојран, Д ФЕСТИВАЛ 2014 стапува на сцена‏

Утре, (сабота, 26 јули 214) е денот Д за годинашното, четврто издание на уникатниот музички хепенинг Д ФЕСТИВАЛ кој ќе се одржи на веќе традиционалната локација, паркинг Гранит во Дојран, каде што нè очекува најпозитивната фестивалска сцена со артисти од светската и домашната музичка сцена. Гаранција за незаборавното фестивалско доживување на Д ФЕСТИВАЛ оваа година се едни од најуспешните и најдолговечните британски хип хоп артисти, величенствените и греми-номинирани „СТЕРЕО ЕМ-СИ’с“ (STEREO MC’S). Покрај нив сцената на Д ФЕСТИВАЛ ќе претстави и дел од најдобрите музички имиња на македонската сцена, како што се пост-панк бунтовниците и еден од најдобрите нови бендови во регионот „БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА“ (BERNAYS PROPAGANDA), рок хероите АРЕА, секогаш иновативните и еклектични „СТРИНГ ФОРСИС“ (STRING FORCES), хип-хоп колективот ДИВИЗИЈА и најдобрите АНТЕНА 5 диџеи.

Влезот за посетителите на Д ФЕСТИВАЛ 2014 утре ќе биде отворен од 19:00 часот, додека почетокот на музичката програма е закажан во 20.00 часот.

Д ФЕСТИВАЛ оваа година воедно го претставува и проектот Western Balkan Adventure and Discovery Tour (WBAADT), интернационалната тура низ Балканот во чиј центар се наоѓа и најдобриот европски музички фестивал, Егзит кој е координатор на проектот! Оваа единствена балканска тура својата завршница и заокружување на музичката авантура ќе ја има токму во сабота (26 јули) на Дојранското Езеро во Македонија со уникатниот Д ФЕСТИВАЛ, настанот без кој повеќе не може да се замисли музичкото лето во Македонија!

Соработници во проектот се и ТАКСИРАТ од Македонија, Националната Туристичка организација на Црна Гора, МОНДО ДОО од Хрватска, СУПРА СКУПИНА од Словенија и холандскиот ОСТФЕСТ ЛИМИТЕД. Главната цел на овој проект е да се допринесе кон подоброто позиционирање на Западен Балкан на европскиот и светскот туристички пазар преку создавање на транснационалната тура како одржлив туристички производ заснован на младинскиот туризам како главна тема. Проектот е поддржан од страна на Европската Унија. Дополнителна цел на овој проект е и зајакнување на туристичкото стопанство во земјите на поранешна Југославија, бидејќи Западен Балкан е единствениот европски регион кој е релативно неоткриен од страна на светските патници. Оваа транснационална тура поврзува пет земји од поранешна Југославија (Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија) во уникатно единство, а ќе се користи како модел за воспоставување на слични редовни тури во текот на годината.

Повеќе информации на: exitadventure.org

ВЛЕЗНИЦИ ВО ПРЕТПРОДАЖБА И ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА Д ФЕСТИВАЛ 2014

Оваа година за своите посетители Д ФЕСТИВАЛ има и организиран автобуски превоз, во соработка со Македонија Сообраќај. Сите оние кои овој летен јулски викенд ќе одлучат да го поминат во Дојран со незаборавното доживување кое го подготвува Д ФЕСТИВАЛ, ќе можат да го искористат организираниот автобуски превоз на релација СКОПЈЕ – ДОЈРАН – СКОПЈЕ ! Цената на превозот е 450 денари, а достапен е со резервации на телефонскиот број: 02 / 3 292 155.

Потсетуваме и дека влезниците за годинашното издание на Д ФЕСТИВАЛ се достапни во претпродажба по промотивна цена од само 250 денариВлезниците во сабота, на влезот на Д Фестивал ќе се продаваат по цена од 300 денари. Сите кои сакаат да ја искористат промотивната цена влезниците можат да ги набават во продажната мрежа на МКтикетс:

– Продажните салони на ONE низ Македонија;
– Во Скопје: Југотон, МПМ Прес, Универзална Сала, Гоги Драчево;
– Низ Македонија: Алпине Спорт (Тетово), New Tobacco (Охрид), Џина (Дојран), Кафе Cream (Гевгелија), Sub Club (Струмица);
– онлајн на www.mktickets.mk

 



Врати се горе ↑